Аталанта синоќа ја растури Сампдорија со 4-0 и ја продолжи битката за борба во Лигата на шампиони (ЛШ), а натпреварот го одбележа и реакцијата на Алексеј Миранчук во завршницата од мечот.
Марио Пашалиќ постигна гол за водство во шестата минута, а потоа Компмајнерс даде два, по што победата ја потврди Миранчук во 86. минута, и тоа во стилот на Лионел Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Русинот од голема почит кон украинскиот народ, кој е под руска инвазија, реши да не го слави голот и покажа дека е загрижен и несреќен поради случувањата.
Миранчук припаѓа на делот од Русите, кои не се сложуваат со претседателот Владимир Путин и ги осудуваат неговите потези, како што е испраќањето на руска војска во Украина на специјална мисија.