Антонио Рудигер е нов член на Челзи во тоа повеќе нема дилеми, но Челзи има намера текот на наредната недела да потроши околу 110 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Заминувањето на Аке и Тери го услови Конте на доведување нов фудбалер во последната линија од обраната, а изборот падна на Антонио Рудигер од Рома за кого „сините“ платија 38 милиони евра.
Но тоа е само почеток, Конте се надева дека во текот на наредната недела ќе реализира уште две засилувања. Првото е Алек Сандро, понудата од Челзи е најдобрa, Сити се повлече од трката, ПСЖ нуди играч и пари, но Јуве сака пари.
За Бразилецот се очекува Челзи да плати 70 милиони евра и тој така би станал најскапото засилување на Челзи во историјата, но и најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Третото име е Бакајоко. Условите со овој фудбалер се договорени, сумата ќе биде поголема од 40 милиони евра со бониси, а Италијанецот инсистира работата што побрзо да се заврши.