Дома Фудбал Англија Рој Кин: За Манчестер Јунајтед играат премногу плачковци

Рој Кин: За Манчестер Јунајтед играат премногу плачковци

Манчестер Јунајтед лошо ја започна сезоната во Премиер лигата, клубот бележе резултати под очекувањата, но и атмосферата во соблекувалната е на ниско ниво, па фудбалскиот свет го очекува отказот на Жозе Мурињо.

Претходно во јавноста се огласија неколку големи фудбалски имиња од кои поголемиот дел имаа критики за португалскиот стратег, најостар беше Пол Сколс, но Рој Кин не го дели таквото мислење.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кин смета дека е нормално некој фудбалер да не се согласува со тренерот, но и покрај додаде дека мора да го даде најдоброто од себе.

„Се случувало често и нормално е еден играч да не се согласува на најдобар начин со тренерот. Сеапк, според мене кога си фудбалер на еден тим на теренот секогаш мораш да го даваш најдоброто од себе, без разлика кој е тренерот“, изјави Кин.
Потоа новинарите го запрчаа конкретно за Пол Погба.

„Не мислам само на Погба, туку на сите играчи во клубот. Во овој момент дресот на Јунајтед го носат премногу плачковци кои себе си се ставаат пред клубот“, заврши поранешнот фудбалер на „ѓаволите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…