Дома Фудбал Англија Сколс го изгуби трпението: Мурињо го срами Манчестер Јунајтед!

Сколс го изгуби трпението: Мурињо го срами Манчестер Јунајтед!

scholes mou

Манчестер Јунајтед никако да започне да игра како што се очекува, вчера „ѓаволите“ одиграа реми без голови против шпанска Валенсија на „Олд Трафорд“.

Тимот на Мурињо не изгледаше добро, имаше проблеми на средината на теренот, а гостите од Шпанија имаа простор за организирање добри контра напади, ваквата игра на Манчестер Јунајтед беше причина трпението да го изгуби Пол Сколс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер кој пишуваше на „Олд Трафорд“ гостуваше во студиото „Би-Ти Спорт“, посветено на Лигата на шампионите. Своите минути Сколс ги искористи да испрати критики до Жозе Мурињо.

„Прво, изненаден сум што воопшто ја преживеа саботата, тимот изгледаше толку лошо што очекував веднаш потоа да добие отказ. Влегува во конфликт со играчите, ги напаѓа затоа што нема резултати, потоа се жали на прес-конференциите. Често пати премногу зборува и неговото однесување не доликуван а клубот каков што е Манчестер Јунајтед, го срами клубот“, јасен беше Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…