Кристиано Роналдо направи голем скандал откако удри аутистично дете и му го скрши телефонот бесен од поразот на неговиот тим против Евертон.
По завршувањето на мечот, Португалецот додека заминуваше кон соблекувалните виде момче со мобилен телефон како го снима, по што го удри 14-годишното дете по раката. Телефонот падна и се скрши, и воедно оставајќи го момчето со модринка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо се извини преку Инстаграм и го покани детето да биде негов специјален гостин на натпревар на „Олд Трафорд“, но очигледно дека нема да помине така лесно.
„Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во тешки ситуации, како оваа сега. Сепак, секогаш мораме да покажуваме почит, трпение и да им даваме пример на младите кои ја сакаат оваа прекрасна игра. Би сакал да се извинам за овој испад и ако е можно, би сакал да го угостам навивачот да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напиша Роналдо на Инстаграм.
Ronaldo assaulted a kid because he lost a game. Crazy pic.twitter.com/2Cr6mYNqT4
— MC (@CrewsMat10) April 9, 2022