Во Реал Мадрид се спремаат за четвртфиналениот дуел во Лигата на шампиони протв Јувентус, па Зидан ќе ги одмара најважните играчи против Лас Палмас.
Јасно е дека сите во Реал се насочени кон одбрана на тотулата во Лига на шампиони, а „АС“ пренесува дека Зидан сигурно ќе остане на кормилото и во случај да ја заврши сезоната без трофеј.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесува весникот, поголем дел од играчите сакаат Зидан да остане по секоја цена, а меѓу нив и капитенот Рамос и првата ѕвезда Роналдо.
Притоа, преодниор рок ќе биде спроведен по негови замисли. На списокот на Реал се наоѓаат Азар, Алисон и Левандовски.
Наводно Кристиано Роналдо ставил вето на доведувањето на Хари Кејн бидејќи верува дека многу подобро ќе се согласува со Левандовски кој е класичен напаѓач.
Реал ќе има огромен буџет за засилувања. Веќе е сигурно дека Бејл и Бензема заминуваат, а што се однесува до Иско, најверојатно ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.