Дома Трансфер зона Роналдо со Фергусон се советувал за одлуката за неговата иднина

Роналдо со Фергусон се советувал за одлуката за неговата иднина

Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистинска бламажа против Брајтон со поразот од 4:0.

„Црвените ѓаволи“ така изгледа останаа без никакви шанси да се пласираат во Лигата на шампионите што беше една од главните цели на тимот пред почетокот на сезоната, но за жал нема да биде исполнет.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во центарот на вниманието во вчерашното разочарување Роналдо ниту самиот не можеше да верува што се случува на неговиот тим, а после голот од 4:0 камерите го „уловија“ и како иронично се насмевна.

Веќе некое време се шпекулира дека Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед после само една сезона затоа што сака да игра во тим кој наредната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Роналдо е разочаран и очекувал многу повеќе кога пред почетокот на сезоната пристигна на „Олд Трафорд“.

Фергусон и Роналдо живеат во близина еден на друг и поради тоа и често се сретнуваат, а една од главните теми во нивните разговори била иднината на Португалецот. Роналдо одржал неколку приватни состаноци со Фергусон со кого се обидува да ја донесе најдобрата одлука.

Советот од Фергусон за Роналдо бил да не носи никакви одлуки додека Ерик Тен Хаг не го преземе кормилото на клубот и да види какви се плановите на холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …