Дома Видео Роналдо слуша и не верува што зборува Џорџина: Нејзиниот еден збор го „замрзна“ Роналдо!

Роналдо слуша и не верува што зборува Џорџина: Нејзиниот еден збор го „замрзна“ Роналдо!

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез изминатите неколку дена ги поминаа во Мадрид, каде го промовираа новиот бизнис на најпопуларниот фудбалер на денешницата, за кој се надева дека ќе му донесе милиони.

Каде и да се појават Роналдо и Џорџина привлекуваат огромно внимание, а тоа беше случај и во Мадрид каде славниот Португалец го мина најдолгиот период од својата кариера.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роналдо започна бизнис поврзан со производство и продажба на алкална минерална вода наречена Урсу 9, а за време на неговата средба со новинарите се создаде интересна сцена.

Имено, кога Џорџина прозборе, Роналдо ги преврте очите и беше изненаден од она што го зборува неговата партнерка, а беше јасно дека e во чудо од сето она што го слушна.

Се шпекулира дека Роналдо бил изненаден од одговорот на Џорџина на прашањето дали би се омажила за повеќекратниот добитник на Златната топка.

„Секако“, беше одговорот на Џорџина, кој е и очекуван, но се шпекулира дека Роналдо е изненаден зошто инфлуенсерката одговорила било што на оваа тема.

Набргу откако видеото стана вирално, Џорџина се обиде да ги поправи работите објавувајќи заедничка фотографија со Роналдо и истовремено промовирајќи го неговиот нов производ.

Пред неколку месеци се шпекулираше дека гламурозниот пар е во криза, но Георгина ја искористи приликата да им соопшти на новинарите дека се е измислица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Англичаните укинаа едно правило и ги израдуваа сите клубови

ФА Купот е натпреварувањето со најдолга традиција во Англија. Ова натпреварување се игра в…