Португалецот не постапи како што му доликува – шампионски.
Јувентус изминатиот викенд со минимален резултат од 1:0 дојде до победа над Милан. Кристијано Роналдо беше заменет на почетокот на второт полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо ниту крајот на натпреварот не го дочека на стадионот бидејќи го напуштил 3 минути пред последниот знак на судијата. Агресивната реакција поради измената и бегството од стадионот беа доволни аргументи за италијанските медиуми да го започнат случајот „Роналдо“ во Торино.
Сепак, во торинскиот клуб размислуваат на друг начин и потегот на Роналдо веќе го ставија под тепих и сето тоа што се случи во неделата.
Доза на одговорност и чувството на вина го сфати и Роналдо кој во понеделникот му се јавил на капитенот Киелини и му објаснил што се случуло.
Прераното заминување од Алианц стадионот Роналдо го оправдал со тоа што му се извинил на Киелини поради неговите постапки. Кажал дека се чуствувал исфрустрирано и дека не бил 100% спремен за натпреварот.
По завршувањето на репрезентативната пауза, повеќекратниот освојувач на Златната топка планира да се извини на сите останати соиграчи.
Во меѓувреме со Роналдо ќе разговараат и Павел Недвед и Фабио Паратичи и ќе му дадат до знаење дека Јувентус веќе нема да толерира слични испади.