Дома Топ вести Роналдо прифаќа помала плата за да се пресели во Атлетико Мадрид

Роналдо прифаќа помала плата за да се пресели во Атлетико Мадрид

Се погласни се шпекулациите дека Кристиано Роналдо може кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Роналдо инсистира да го напушти Манчестер Јунајтед и се понуди на неколку европски гиганти, но наиде на затворена врата, а сака следната сезона да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо веќе разговарал со Диего Симеоне кој не ја отфрлил можноста да го донесе во Атетико бидејќи смета дека тимот со него ќе направи скок во квалитет.

Притоа, Португалецот е спремен да намали 30% од својата плата за да потпише со Атлетико и да се врати во Мадрид.

Меѓутоа, постојат два проблеми. Прво Атлетико Мадрид ќе мора да продаде една од ѕвездите во својот тим за да собере средства да го доведе Роналдо. Вториот проблем се однесува на реакцијата на навивачите, бидејќи Португалецот е легенда на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…