Во последните два-три дена многу се пишува за Роналдо и можноста да замине од Јувентус. Наводно, „старата дама“ сака да се ослободи од Португалецот поради неговата голема плата.
Денес „ЕСПН“ и голем дел од англиските медиуми објавија дека Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед. Роналдо во Јувентус дојде за на овој тим да му ја донесе Лигата на шампионите и во тоа засега не успеа. Неговата плата од 31 милион евра по сезона е голем терет за клубот во ситуација кога во светот владее пандемијата со коронавирусот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англичаните сега тврдат дека и Роналдо би можел да биде расположен за враќање во Јунајтед, меѓутоа под еден услов, да потпише едногодишен договор.
Се шпекулира и за тоа сумата за висината на трансферот, наводно тој треба да изнесува околу 100 милиони евра.