Дома Трансфер зона Роналдо пристигна – кои се следните потези на Јувентус?

Роналдо пристигна – кои се следните потези на Јувентус?

Во денот кога Јувентус го доби можеби и најголемото засилување во историјата, ова се следните чекори на клубот.

Роналдо од денес и официјално е играч на Јувентус, ги сруши сите рекорди во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кои се следните потези на клубот?

Очекувањата се во наредните денови Игуаин и Ругани да направат трансфер во Челзи за околку 100 милиони евра. Покрај споменатите двајца би можел да биде продаден и левиот бек Алекс Сандро, се чека и „отпишаниот“ Стураро да се пресели во Премиер лигата.

Според медиумите Јувентус има постигнато договор со Баерн за трансфер на Бернат кој пристигнува за позицијата лев бек. За Шпанецот Јувентус ќе плати 12 милиони евра, толку беше спремен Јувентус да плати и за Дармијан, но Јунајтед ја подигна цената.

Бернат ќе биде конкруренција на Спинацола кој е повреден и ќе ги пропушти првите месеци од сезоната.

До крајот на преодниот рок можеме да очекуваме Јувентус да доведе и еден стопер, но засега конкретни имиња не се споменуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…