Дефинитивно Кристијано Роналдо е најголема ѕвезда во Саудиска Арабија и оваа лига привлекува далеку поголемо внимание откако Порутгалецот е во дресот на Ал Наср кој се раздели со тренерот Руди Гарсија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Притисокот врз Руди Гарсија се зголеми по ремито на саудискиот тим со тимот на Ал Фехја каде што настапува Александар Трајковски.
Можеби бидејќи Роналдо е во тимот се очекуваше Ал Наср да бара некое позвучно име, меѓутоа според полседните информации наследник на Гарсија можеда биде 67-годишниот стратег, Мигел Анхел Русо кој го водеше овој тим од 2021 до 2022 година.
Русо најголемиот успех во кариерата го оствари кога во 2007 година ја освои Копа Либертадорес и стана шампион на Примера во сезоната 2019/2020.