Во овој преоден рок Кристијано Роналдо направи изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија во редовите на Ал Наср.
Пребогатиот клуб го доведе Португалецот со богата понуда која тешко се одбива, меѓутоа медиумите пишуваат дека Роналдо ќе има влијание и во трансфер политиката на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Роналдо потпиша за Ал Наср многу негови поранешни соиграчи од Реал Мадрид се поврзуваат со овој клуб.
Прво се пишуваше дека Ал Наср ќе се обиде да го доведе голманот Кејлор Навас кој го бранеше голот на Реал Мадрид во златната генерација на „кралевите“. Но, сега таа информација се дополнува со најавата дека Ал Наср ги сака Серхио Рамос, Пепе и Марсело.
Рамос и Навас се во ПСЖ, Пепе и игра одлично во Порто, додека Марсело во залезот на кариерата е во грчки Олимпијакос.