Познато е дека Андреа Пирло ќе побара од Јувентус да му биде донесена класична деветка, а Кристиано Роналдо има свој фаворит.
Пирло е одлучен да доведе центарфор за да го растерети Роналдо во новата сезона, помеѓу кандидатите се: Един Џеко, Аркадиуш Милик, Александар Лаказет, Раул Хименез…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, сега медиумите пишуваат дека едно име на управата предложил и Роналдо. „Газета дело Спорт“ објави дека Португалецот на „старата дама“ им го предложил Карим Бензема.
Роналдо девет сезони играше со Французинот и не е чудо што го сака во Торино. Сепак, прашање е колку Реал Мадрид ќе сака да го пушти Бензема кој по заминувањето на Португалецот стана уште поважен за тимот.
Треба да споменеме и дека Бензем е играчот кој во кариерата му наместил најмногу голови на Роналдо.
Французинот има договор со Реал до 2022 година и има одличен однос со Зидан и Флорентино Перез, па во овој момент изгледа тешко дека може да го напушти Мадрид.