Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Кристиано Роналдо на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус.
Поради пандемијата со коронавирусот италијанските клубови трпат големи загуби, а најпогоден ќе биде Јувентус, кој добива најмногу од ТВ права.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа може да го натера раководството на Јувентус да ја продаде првата ѕвезда, Кристиано Роналдо, кој годишно заработува 31 милион евра.
Со продажбата на Португалецот Јувентус сака да ја наполни касата и да го растерети буџетот за плати, па на крајот на сезоната спремни се да прифатат понуда од 50 милиони евра.