Дома Топ вести Роналдо: Лигата во Саудиска Арабија ќе биде помеѓу најдобрите пет во светот

Роналдо: Лигата во Саудиска Арабија ќе биде помеѓу најдобрите пет во светот

Кристијано Роналдо со својот гол (ТУКА) донесе победа на Ал Наср во рамките од 28-то коло во Саудиска Арабија.

Ал Наср губше со 0:2 против Ал Шабаб, но успеа да направи пресврт и да остане во трката за титулата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Среќен сум затоа што одигравме одличен натпревар. Кога губите 2:0, не е лесно, но верувавме од почетокот до крајот. Постигнавме три гола, честитам на целиот тим и навивачите кои беа одлични денес. Според мене саудиската лига се подобрува и следната сезона ќе биде уште подобра.

Чекор, по чекор оваа лига ќе стане помеѓу најдобрите пет во светот, но потребно е време. Оваа земја има фантастични луѓе и голем потенцијал“, изјави Роналдо по натпреварот.

Ал Наср во овој момент е второпласиран на табелата со три бода помалку од водечкиот Ал Итихад. До крајот на првенството преостануваат уште две кола, па Роналдо и друштвото мораат да чекаат кикс на ривалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Критики за Јокиќ: Колку е добар кошаркар, толку е лош патриот

Легендата на југословенската кошарка, Зоран Славниќ испрати жестоки критики на сметка на Н…