Португалија, во генералната проба пред почетокот на Европското првенство, ја победи Република Ирска со 3:0. Натпреварот во Авеиро го обележа ветеранот Кристијано Роналдо.
Откако првиот гол го постигна Жоао Феликс, Роналдо со два гола во второто полувреме ја запечати судбината на Ирците.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо го подобри својот рекорд, во дресот на националниот тим дојде до бројката од 130 голови.
„Имаме се што ни треба, но ќе одиме кон целта чекор по чекор, натпревар по натпревар, без да престанеме да веруваме во успех. Триумфот на Европското првенство во 2016 година беше историски и за португалскиот и за светскиот фудбал.
Сега стоиме цврсто на земја, но размислуваме и изгледаме високо, бидејќи знаеме дека можеме да го освоиме ЕВРО 2024“, вели Кристијано Роналдо.
Португалската репрезентација ќе игра во Германија во групата Ф. Прв противник им е Чешка на 18 јуни во Лајпциг. Потоа имаат дуели со Турција на 22 јуни во Дортмунд и против Грузија на 26 јуни во Гелзенкирхен.