Португалскиот напаѓач Кристиано Роналдо застана во одбрана на стоперот на Наполи, Калид Кулубали после вчерашниот натпревар помеѓу Интер и Наполи.
Кулибали вчера беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на Интер, а тренерот на Наполи, Карло Анчелоти порача дека ќе го прекине натпреварот ако нешто такво се повтори.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во одбрана на Сенегалецот застана и Роналдо кој се огласи преку друштвените мрежи.
„Секогаш сакам едукација и респект во животот и фудбалот. Да кажеме „не“ на расизмот и секој друг тип на дискриминација“, порача Португалецот со поставена фотографија од него и Кулибали.
Ова секако е убав гест од страна на Роналдо кој и претходно знаеше да пружи поддршка на своите колеги кои се наоѓале во слична ситуација како и Кулибали.