Дома Топ вести Роналдо го сака Погба во Јувентус

Роналдо го сака Погба во Јувентус

Sвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо, даде „зелено светло“ за привлекување на Пол Погба во тимот од Торино. Идејата за враќање на Французинот во Јувентус е уште од летото, но тогаш „старата дама“ не успеа да го реализира трансферот.

Раководството на „бјанконерите“ сега размислува дали да испрати понуда во јануари и го побарале мислењето на Роналдо, кој ја одобрил идејата, откриваат италијанските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус го привлече Погба од Манчестер Јунајтед како слободен играч во 2012 година. Французинот доживеа фудбалска афирмација во Торино, по што беше продаден повторно на „црвените ѓаволи“ за 94,5 милиони фунти во 2016 година.

Сепак, неодамна се појавија нови информации дека Погба не е задоволен на „Олд Трафорд“ и сака повторно да си замине, а Јуве се на пол-позиција за неговиот потпис. Реал Мадрид исто е заинтересиран за 26-годишниот Французин и може да вклучи во трансфер борбата за неговите права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…