Дома Фудбал Останато Роналдо го купи клубот каде што ја започна кариерата

Роналдо го купи клубот каде што ја започна кариерата

Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Луис Назарио де Лима го купи Крузеиро, клубот каде што ја започна кариерата.

Крузеиро е еден од најголемите бразилски клубови кој два пати беше победник на Копа Либертадорес, но во последните две години играше во втората лига, таму ќе помине и трета. Клубот е во долгови и Роналдо ги замоли навивачите за трпение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Време е за враќање. Мој ред е да помогнам да ја отворам вратата за тимот. Не како херој, не со супермоќи затоа што и ги немам. Ќе работам со огромна одговорност и ќе се обидам да донесам раст на клубот“, порача Бразилецот кој за Крузеиро плати околу 70 милиони долари.

Роналдо за Крузеиро дебитираше на 16 години, а подоцна стана еден од најдобрите напаѓачи во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го сруши рекордот на Серхио Агуеро: Заигра професионален фудбал на 14 години!

Фудбалерот на Депортиво Риестре Матео Аполонио стана најмладиот професионален фудбалер во …