Дома Фудбал Репрезентации Роналдо вчера постигна четири гола и сруши повеќе рекорди

Роналдо вчера постигна четири гола и сруши повеќе рекорди

Португалија и Србија запишаа гостински победи во шестото коло од групата Б во квалификациите за Европското првенство.

Србија и Португалија се борат за второто место со тоа што Кристиано Роналдо и друштвото имаат бод повеќе и натпревар помалку од својот ривал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалија вчера гостуваше кај последнопласираната Литванија и славеа со 5:1. Неверојатен натпревар одигра Роналдо кој влезе во историјата како прв европски играч со 90+ голови во дресотн а репрезентацијата. Ги има вкупно 92, а пред него е само Иранецот Али Даеи со 109 голови во дресот на Иран.

Исто така Литванија е 40-тата различна репрезентација против која Роналдо постигнал гол.

Португалецот постигна дури четири гола и уште еднаш ја покажа својата класа. Треба да се додаде дека со 24 гола во квалификациите за ЕП е рекордер, претходно тој рекорд го држеше Роби Кин со 23 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…