Дома Фудбал Англија Роналдо во натпреварот против Норвич заработил скоро милион фунти

Роналдо во натпреварот против Норвич заработил скоро милион фунти

Кристијано Роналдо беше херој на Манчестер Јунајтед во победата против Норвич.

„Црвените ѓаволи“ потешко од очекувањата на „Олд Трафорд“ успеаа да дојдат до три бода, пред се благодарение на Роналдо кој постигна хет-трик. Сезонава Роналдо со своите голови донесе голем број бодови кои на крајот можеби ќе бидат и клучни во борбата за местото кое води во ЛШ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот покажа дека и понатаму е во фантастична форма. Сезонава Роналдо одигра 35 натпревари и постигна 21 гол, што секако е добар учинок. Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо во натпреварот со Норвич активирал дел од бонусите во договорот со Јунајтед. Португалецот после овој натпревар бил побогат за скоро милион фунти, а таа бројка може да расте од натпревар во натпревар.

Роналдо има договор во клазулата за бонус од 750.000 фунти ако постигне 20 голови во сезона што успеа да го направи. За секој нареден гол тој ќе добива по 100.000 фунти што значи дека токму толку доби за голот од слободен удар кој беше негов 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…