Дома Трансфер зона Рома ја одреди цената за Абрахам, Јунајтед спремен да ја плати

Рома ја одреди цената за Абрахам, Јунајтед спремен да ја плати

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома, Таму Абрахам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на Тен Хаг следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Абрахам е на списокот на „црвените ѓаволи“.

Прв избор е Виктор Осимен од Наполи, но италијанскиот клуб не сака да го пушти за помалку од 140 милиони евра, па тој трансфер е тежок за реализација.

Поради тоа Јунајтед ќе се насочи кон Абрахам, кој не е во најдоби односи со Мурињо, па е спремен да ја промени средината.

Рома исто така е спремна да го продаде за 70 милиони евра, а „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…