Дома Фудбал Играчите на Барселона го сакаат Клајверт за тренер

Играчите на Барселона го сакаат Клајверт за тренер

Играчите на Барселона сакаат Кике Сетиен да го напушти клубот и веќе го избраа неговиот наследник.

Од Сетиен многу се очекуваше кога доби прилика да го превземе гигантот од Каталонија, но само шест месеци подоцна се наоѓа на излезни врати и изгледа дека само прашање на време е кога ќе добие отказ.

Раководството најверојатно ќе му дозволи да ја доигра сезоната и да се обиде да ја освои Лигата на шампиони, но веќе размислува за нов тренер.

Според „Мундо Депортиво“ играчите лобираат за кандидатурата на Патрик Клајверт за нов тренер. 44-годишниот Холанѓанец е директор на академијата на Барселона.

Клајверт нема големо тренерско искуство, но беше помошник во АЗ Алкмар, холандската и камерунската репрезентација. Претходно ги водеше младинците на Ајакс и Твенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија сака да продолжи со победничката серија против Чешка

Англија ќе ја пречека Чешка на Вембли во обид да продолжи со победничката серија во Лигата…