Николо Заниоло ова лето пристигна во Рома како дел од трансферот на Наинголан во Интер и во моментов е најпријатното изненадување во Серија А.
„Волчицата“ му даде шанса на 19-годишниот плејмејкер да го покаже својот тален и тој буквално „експлодира“, па заработи и повик во репрезентацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јасно е дека Интер направи голема грешка што го пушти Заниоло, но Рома не сака да ја повтори истата грешка и спрема нов договор за тинејџерот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома спремила нов договор за Заниило до 2024 година според кој ќе заработува 1,2 милиони евра по сезона.
Рома сака со новиот договор да го „блиндира“ младиот Италијанец од нападите на европските гиганти, пред се на Јувентус.