Иско во последните моменти од преодниот рок беше блиску до трансфер во Унион Берлин, но трансферот пропадна во последен момент.
Шпанецот во моментов е слободен агент и е во потрага по нов клуб, а неговиот агент стапил во контакт со Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата ќе се обиде да ја искористи Рома и да го доведе Иско на „Олимпико“.
Мурињо во него гледа идеална замена за Заниоло, кој денес ја напушти Рома и се пресели во Галатасарај.
Проблем може да биде платата на Шпанецот, па Рома сака да му понуди договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување.