Дома Трансфер зона Рома и Мурињо го сонуваат Роналдо

Рома и Мурињо го сонуваат Роналдо

Кристијано Роналдо минатата сезона докажа дека може да игра на врвно ниво и на 37 години.

Манчестер Јунајтед започнува нова ера со Ерик Тен Хаг. Се шпекулира за иднината на Португалецот, но поверојатно е тој да остане и наредната сезона на „Олд Трафорд“. Тен Хаг веќе најави дека сака да го има во својот состав.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак и покрај тоа се појавуваат информации дека би можел да си замине. Италијанската „Република“ пренесува дека Рома со Жозе Мурињо прави обид за спектакуларно враќање на Роналд ово Италија.

Роналд ово Италија го носеше дресот на Јувентус, меѓутоа во овој момент ваков трансфер реално изгледа тешко возможен, прво прашање е колку Роналдо познавајќи го неговиот победнички карактер има желба да игра за Рома. Единствен голем адут на Рома е Жозе Мурињо.

Мурињо и Роналдо соработуваа во Реал Мадрид, тешко е да се верува и дека Рома може да ги исполни финансиските барања на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…