Рома и Милан ќе се борат за потписот на Луис Муриел од Севиља во јануарскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Бившиот напаѓач на Удинезе и Сампдорија од поодамна е трансфер цел на Милан, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Рома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Волчицата“ сака да го засили нападот во јануари со оглед на повредата на Един Џеко, но и лошата форма на Патрик Шик.
Милан исто така има потреба од уште еден напаѓач кој ќе може да биде алтернатива на Игуаин и Кутроне.
Муриел оваа сезона е во втор план во Севиља, па и самиот сака да ја промени средината, а италијанските клубови сакаат да го донесат на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната.
#ASRoma have joined the race to sign out-of-favour #Sevilla striker Luis Muriel https://t.co/47VduSe6jp pic.twitter.com/xj3JSrpDHT
— footballespana (@footballespana_) December 20, 2018