Рома и Манчестер Јунајтед веќе подолго време преговараат за трансферот на Крис Смилинг и никако да најдат заеднички јазик.
Смолинг минатата сезона ја помина на позајмица на „Олимпико“ и се врати на „Олд Трафорд“ бидејќи двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу отштетата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома ќе ја зголеми понудата за 30-годишниот Англичанец на 20 милиони евра плус бонуси, додека Јунајтед го проценува играчот на 25 милиони.
Смолинг инсистира да се врати во Рома и веќе има договор со „волчицата“, па се верува дека „црвените ѓаволи“ ќе попуштат и ќе ја прифатат најновата понуда.