Дома Трансфер зона Рома започна преговори со Вертонген

Рома започна преговори со Вертонген

Белгискиот репрезентативец Јан Вертонген е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вертонген влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Најсилен интерес во моментов за 32-годишниот дефанзивец покажува Рома, која веќе стапила во контакт со неговиот агент, пренесува „Газета дело Спорт“.

Тренерот Пауло Фонсека смета дека Вертонген ќе биде идеален партнер за Смолинг и со тоа ќе формира дефанзивен бедем.

Рома му нуди на Белгиецот двегодишен договор, а Вертонген е спремен да се пресели во Рим, но бара тригодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…