Младиот албански дефанзивец Мараш Кумбула воодушеви со настапите во дресот на Верона.
Кумбула го привлече вниманието на многу клубови од цела Европа, но медиумите во Италија тврдат дека е позната неговата следна дестинација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер и Лацио веќе подолго време водеа преговори со неговиот агент, но во моментов најблиску до неговиот потпис е Милан.
„Росонерите“ ќе се обидат да го повторат истото сценарио како со Сандро Тонали и да го „украдат“ играчот пред носот на градскиот ривал.
Интер има комплетен договор со играчот, но се уште не го финализира трансферот бидејќи прво треба да продаде некој од своите играчи.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Кумбула на „Сан Сиро“ за 20 милиони евра плус бонуси.
? @MilanPress_it: #ACMilan join the race for Hellas Verona's Kumbulla – timing could be crucialhttps://t.co/u4i4MqgyFJ #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) September 3, 2020