Дома Трансфер зона Рома во Украина пронајде замена за Салах

Рома во Украина пронајде замена за Салах

По заминувањето на Мухамед Салах, потрагата на Рома за неговиот заменик продолжува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома бара офанзивен играч за врска или крилен напаѓач, некој кој би можел да го замени Мухамед Салах кој потпиша за Ливерпул.

Неколку имиња се поврзуваат со Рома, но еден од најголемите е Андриј Јармоленко.

Јармоленко е еден од најдобрите фудбалери на Динамо Киев, по многумина и најдобрата опција за замена на Салах, заедно со Дефрел од Сасуоло.

Наводно, Јармоленко би можел да биде слободен за 20 милиони евра, изгледа како разумна цена за еден 27-годишен крилен напаѓач.

Јармоленко е 9 години во дресот на Динамо Киев, а е стандарден репрезентативец на Украина за кого постигна 29 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…