Дома Топ вести „Рокфелер тим“: Алисон добредојде во најскапите 11! (фото)

„Рокфелер тим“: Алисон добредојде во најскапите 11! (фото)

alison

Бразилскиот голман Алисон премина од Рома во Ливерпул за сума од 75 милиони евра и така стана најскапиот голман на сите времиња, соборувајќи го рекордот на Џанлуиџи Буфон од 2002 година кога од направи трансфер од Парма во Јувентусза 53 милиони евра.

Новиот голман на „црвените“ така доби место во најскапиот тим на сите времиња во друштво на Нејмар, Мбапе, Дембеле…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, да започнеме по ред. Во последната линија на најскапиот тим играат дури три дефанзивци на Манчестер Сити, а сите тројца ги доведе Пеп Гвардиола. Гвардиола во Сити ги доведе најскапиот лев и десен бек во историјата. Бенџамин Менди го плати 57.5 милиони евра, а Кајл Вокер од Тотенхем 53 милиони евра.

Во јануари го доведе стоперот Емерик Лапорт за 65 милиони евра, но набрзо потоа Ливерпул го сруши рекордот за најскап дефанзивец со сумата од 79 милиони евра која ја плати за Ван Дијк на Саутемптон.

Најскапи играчи за врска се Пол Погба, Хамес Родригез и Фелипе Кутињо. Погба пред неколку години од Јувентус во Манчестер Јунајтед премина за 105 милиони евра, Родригез го замени Монако за Реал Мадрид (сега игра во Баерн) за 80 милиони евра. Погба го држеше рекордот се до јануари кога Барса на Ливерпул му плати 125 милиони евра за Фелипе Кутињо.

На напаѓачи без конкуренција најмногу троши ПСЖ кој ги има двајцата најскапи напаѓчи во историјата. Прво на Барселона и плати 222 милиони евра за Нејмар, а потоа во истиот преоден рок го доведе Килијан Мбапе за 180 милиони евра. Напаѓачкото трио го заокружува Осман Дембеле кој од Дортмунд во Барса пристигна 115 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…