Дома Трансфер зона Робињо доби интересна понуда: Бразилецот се враќа во Европа?

Робињо доби интересна понуда: Бразилецот се враќа во Европа?

Искусниот бразилски фудбалер, Робињо би можел да се врати во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некогаш најголемата ѕвезда на „Кариоките“ во моментов е без клуб, откако ја прекина оработката со Атлетико Минеиро, а неговите услуги сега се понудени на турскиот Коњаспор. Робињо наводно е заинтересиран за доаѓање во овој клуб и ако до договор дојде тоа би му било враќање во Европа, каде што играше за Реал Мадирд, Манчестер Сити и Милан.

Сепак, конечната одлука се уште не е донесена. Бразилскиот фудбалер е наводно осуден на девет години затвор пред Судот во Милан поради силување и неговото доаѓање во Европа би можело да значи и заминување во затвор. Повеќе информации за потенцијалниот трансфер на бразилската ѕвезда во Коњаспор би требало да имаме во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…