Дома Фудбал Лига на шампиони Робертсон: Можете да гледате видео клипови од Меси, но вреди ли нешто тоа?

Робертсон: Можете да гледате видео клипови од Меси, но вреди ли нешто тоа?

Во среда од 21 часот се игра “финале пред финале“, каде на Камп Ноу се среќаваат Барселона и Ливерпул.

Овој полуфинален натпревар предизвикува големо внимание, со оглед дека во оваа сезона и едните и другите играат одлично и ќе биде штата што некој мора да испадне пред финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од стандардните играчи на Ливерпул, Едни Робертсон е свесен дека ќе биде тешко против Меси.

„Не мислам дека е потребно да се спремам различно во однос на било кој друг натпревар. Нормално, играте против подобри играчи од обично, Меси секако е најдобриот на светот. Може да гледате видео клипови, иако не знам тоа може нешто да помогне.“ – изјави дефанзивецот на Црвените и додаде:

„Сите мораме да се спремаме за Лео, бидејќи го има секаде по теренот. Кога го гледате, во еден момент е на мета стоперот, се враќа по топката длабоко на својата половина, најмногу е десно, но ќе се спремам и ќе се обидам да не му дозволам премногу да биде во мојата зона. Знам дека ќе доаѓа директно на нас, но се е во тоа како ќе се браниме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…