Тоа што се најавуваше, сега доби официјална потврда, Стефан Ристовски е нов играч на Динамо Загреб.
Ристовски утрово објави фотографија на социјалните мрежи со која потврди дека лета за Хрватска, а сега Динамо Загреб го потврди трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ристивски доаѓа во перманентен трансфер во хрватскиот шампион и потпиша повеќегодишен договор.
Македонскиот репрезентативец помина три години во дресот на Спортинг Лисабон, а ова за него е враќање во Хрватска каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
„Горд сум и среќен што станав играч на Динамо. Сите ја знаат репутацијата на Динамо и тука и надвор од границите на земјата. Го познавам капитенот Адеми кој е мој соиграч во националниот тим и има и неколкумина мои поранешни клупски соиграчи. Имам претходно искуство со играње на противничката страна и сега ќе се дадам себеси во дресот на Динамо за да им се заблагодарам на управата на клубот за довербата и да го покажам мојот квалитет“, рече Ристовски