Репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во Катар влегува како еден од најголемите фаворити покрај нивниот голем ривал од Јужна Америка, Аргентина.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Очекувањата во бразилската јавноста се големи, а првенството го стартуваат во четврток со натпреварот против селекцијата на Србија.




Пред овој натпревар во бразилската јавност се огласи и легендарниот Ривалдо, кој порача дека не треба да се доведува во прашање дали Бразил ќе победи на сите три натпревари во групата.




„Ние сме силна репрезентација со голем квалитет и не треба да имаме проблеми во групната фаза. Гледајќи го нашиот квалитет треба да победиме на сите три натпревари без никакви проблеми“, изјави Ривалдо.




Покрај Србија, Бразил е во група со Швајцарија и Камерун.