Дома Трансфер зона Рибери само една работа го дели од трансфер во Серија А

Рибери само една работа го дели од трансфер во Серија А

Франк Рибери оваа сезона би можеле да го гледаме во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите помеѓу Фиорентина и Рибери траат веќе со недели, а легендарниот Французин поради својот меѓународен престиж е играч по вкусот на раководството на „виолетовите“.

Рибери бара плата од четири милиони евра, износ кој Фиорентина е спремна да го издвои за неговите услуги.

Меѓутоа проблем претставува износот на комисијата, односно менаџерската провизија и двете страни интезивно преговараат на таа тема.

Со оглед дека има 36 години Фиорентина не би можела да заработи од Рибери од неговиот иден трансфер и настојуваат максимално да го намалат износот на менаџерската провизија.

Рибери наводно нема ништо против доаѓање во Фиоренца и тој лично ќе побара износот да биде помал.

Поранешниот играч на Баерн во своите редови со задоволство би го довеле ПСВ и Локомотив Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…