Легендарниот француски фудбалер, Франк Рибери е пред кам-бек во германскиот гигант Баерн Минхен.
Информацијата за враќањето на Рибери во Баерн ја објави новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк кој ретко кога греши кога во прашање се трансферите на Баерн.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рибери во Баерн беше од 2007 до 2019 година, а потоа се пресели во Фиорентина. Со калчолигашот по завршувањето на сезоната не се договори за продолжување на соработката, па стана слободен агент.
Во дресот на Баерн, Рибери одигра 425 натпревари, постигна 124 гола, а во кариерата играше уште за Булоњ, Арес, Брест, Мец, Галатасарај и Марсеј. За Франција одигра 81 натпревар и постигна 18 гола.
CEO Oliver Kahn refuses a comeback of @FranckRibery at @FCBayern https://t.co/utNjXGTtBF
— Christian Falk (@cfbayern) August 10, 2021