Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во Анталија, во пресрет на пријателските натпревари против Молдавија и против Црна Гора.
Репрезентативците најпрво ќе се соочат против Молдавија на 22 март, додека три дена подоцна ќе играат со Црна Гора.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и мотивирани, иако се работи за пријателски натпревари“, изјави Милевски.
Фото: ФФМ