Дома Останати Авто Мото Рено Твинго куп финале: Титулата за Делев, Трајковски и Малинковски победници во Серес

Рено Твинго куп финале: Титулата за Делев, Трајковски и Малинковски победници во Серес

Мартин Делев е шампион на првото издание на TWINGO CUP 2019, откако денеска сезоната заврши со двете трки во Серес, Грција.

На првата трка триумфираше Слободан Трајковски, пред Делев и Давид Малинковски, кој пак на втората трка се искачи на највисокото место на подиумот. Во втората трка на втор финишираше Трајковски, додека на подиумот имаше место и за Иван Стефановски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Делев заслужено дојде до шампионскиот трофеј откако сезонава триумфираше на дури четири трки од вкупно седумте. Премиерната сезона во TWINGO CUP мина одлично, а Македонија покажа дека има фантастични натпреварувачи.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ТРКА СЕРЕС
1. Слободан Трајковски              29:24,297 минути
2. Мартин Делев                            29:26,248
3. Давид Малинковски                                29:27,248
4. Иван Стефановски                    29:31,792
5. Емил Нацка                                   29:32,174
6. Владимир Тренески                 29:33,864
7. Ангелче Стојковски                  31:00,153
8. Ненад Костовски                        31:01,689

РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ТРКА СЕРЕС
1. Давид Малинковски                                28:40,138 минути
2. Слободан Трајковски              28:45,495
3. Иван Стефановски                    28:47,096
4. Мартин Делев                            28:50,992
5. Владимир Тренески                 28:54,347
6. Емил Нацка                                   29:25,222
7. Ненад Костовски                        30:26, 741

*Ангелче Стојковски не стартуваше

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…