Дома Трансфер зона Ренато Санчез има нов клуб!

Ренато Санчез има нов клуб!

Португалскиот фудбалер Ренато Санчез денес и официјално ќе го промени клубот.

Санчез во Баерн стигна летото 2016 година, но во Минхен никогаш не ги исполни очекувањата. Тренерот Нико Ковач наводно му ветувал дека оваа сезона ќе добие повеќе шанса, но Санчез изгледа бил решен во својата намера да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот против Херта Санчез јавно зборуваше дека не е задоволен, а клубот конечно му дозволи да замине.

Како што пренесуваат француските медиуми, Санчез денес ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпиша договор со Лил на пет години.

Лил за него ќе плати 25 милиони евра што е најголема оштета која ја платил овој клуб за некој играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…