Дома Фудбал Репрезентации Рекордерот во Лигата на шампионите одлучи за која репрезентација ќе настапува?

Рекордерот во Лигата на шампионите одлучи за која репрезентација ќе настапува?

Рекордот стар 18 години во Лигата на шампионите кој го држеше Икер Касиљас, беше соборен благодарение на младиот чувар на мрежата на Бенфика, Миле Свилар.

Свилар (18) доби шанса да застане на голот на Бенфика во натпреварот против Манчестер Јунајтед со што стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите. Претходно овој рекорд го држеше Икер Касиљас кој дебитираше во ова натпреварување уште во 1999 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во овој момент Свилар е најголемиот голмански талент во светот и поради тоа не чуди што во спортската јавност се подигна голема „прашина“ околу прашањето за тоа за која репрезентација ќе одлучи да брани.

Свилар ги помина сите младински категории на Белгија и во овој момент брани за оваа репрезентација во категоријата за играчи до 19 години, меѓутоа сега и Србија се вклучи во борбата да го убеди да го промени спортското државјанство.

„Се работи за голем талент кој наскоро ќе го облече дресот на Србија. Во контакт сме со неговиот татко, беше планирано неодамна да одржиме состанок во Лисабон, но тој состанок мораше да биде одложен поради репрезентативните обврски. Исто така сме во контакт и со управата на Бенфика и располагаме со сите неопходни информации. Свилар поседува огромен потенцијал и верувам дека претставува светла иднина на српскиот фудбал“, изјави спортскиот директор на ФСС Горан Буњувчевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…