Дома Топ вести Реал спремен да жртвува две ѕвезди за тандемот Мбапе – Халанд

Реал спремен да жртвува две ѕвезди за тандемот Мбапе – Халанд

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на големо се подготвува за следното лето и се чини дека сака да направи „револуција“ во тимот.

„Марка“ пишува дека прва мета на „кралскиот“ клуб ќе биде Килијан Мбапе, кој изјави дека има желба еден ден да заигра во Реал. Но, јасно е дека ПСЖ нема да го пушти така лесно и се шпекулира дека „кралевите“ мора да платат околу 180 милиони евра доколку сакаат да го донесат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Другата голема желба на Реал Мадрид е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд со цел да направат тандем на двајцата најдобри млади фудбалери во светот.

Двата трансфери ќе бидат екстремно скапи, па Реал ќе мора да се откаже од некои свои ѕвезди, а шпанските медиуми шпекулираат дека „кралевите“ се спремни да ги продадат Еден Азар и Карим Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…