Реал Мадрид најверојатно на крајот на сезоната ќе си го врати Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.
Шпанецот е во сопственост на Реал Мадрид, но веќе трета сезона е на позајмица во Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот клуб може да го купи Дијаз за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Реал има опција да го врати за 5 милиони евра повеќе.
Асенсио нема да го продолжи договорот и ќе замине како слободен агент, а медиумите пренесуваат дека Анчелоти токму во Дијаз гледа негова замена.
Двата клуба се во одлични односи и наскоро ќе имаат средба на која ќе биде одлучена иднината на Дијаз, а доколку Реал одлучи да го врати ќе треба да му плати на Милан 5 милиони евра.