Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар и неговата висока плата, пренесуваат шпанските медиуми.




Азар летото 2019 година се пресели во Реал Мадрид за 115 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Големиот број на повреди го спречија Белгиецот да го покаже својот потенцијал на „Сантиаго Бернабеу“, а моментално е трет избор кај Анчелоти.




Реал сака да се ослободи од него, но во моментов нема клуб кој е спремен да го доведе Белгиецот.
Јувентус е заинтересиран за услугите на Азар, но не може да му дадат плата од 20 милиони евра годишно, иако Реал е спремен да го пушти на позајмица.




Конкретен интерес покажува само Њукасл, но Азар не сака да се пресели во клуб кој се бори за опастанок.