Мартин Одегард во Реал Мадрид пристигна пред пет години од норвешкиот Стромгест како голема надеж на европскиот фудбал.
Меѓутоа Норвежанецот се уште не добил вистинска прилика на „Бернабеу“ и засега оди само на позајмици.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во овој момент тој е на позајмица во Реал Сосиедад до крајот на сезоната и му оди навистина добро. Одегард за Сосиедад одигра 18 натпревари и успеа да постигне седум голови и да запише осум асистенции.
За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, пред се Милан, но Одегард сака да остане во Сосиедад уште една година.
Плановите на Реал се уште не се познати и ќе видиме дали се спремни да се откажат од фудбалерот кој многу ветуваше.
„Марка“ тврди дека ова лето „кралевите“ сакаат да ја решат иднината на Одегард, најверојатно ќе го продадат и нема да го праќаат на нова позајмица.