Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид денес и официјално стави крај на сите шпекулации околу евентуалниот трансфер на Нејмар.
После заминувањето на Кристиано Роналдо се засилија шпекулациите дека „кралевите“ ќе се обидат да го донесат Нејмар од ПСЖ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, актуелниот европски шампион преку официјално соопштение и се обрати на јавноста и потврди дека не планира да испаќа понуда за Бразилецот.
„Поради честите шпекулации дека Реал Мадрид сака да испрати понуда за услугите на Нејмар, сакаме да ја информираме јавноста дека такво нешто нема да се случи. Односите меѓу Реал и ПСЖ се одлични, па доколку во одреден момент решиме дека сакаме да ангажираме играч на ПСЖ, првата работа која ќе ја сториме е да го информираме клубот за нашата намера“, се вели во соопштението.
„Кралевите“ на почетокот од овој месец ја негираа веста на ТВЕ дека понудиле 310 милиони евра за Нејмар, а подоцна изглегоа со демант и по најавите за трансфер на Килијан Мбапе вреден 272 милиони евра.