Бразилскиот тинејџер, Ендрик денес на „Сантиаго Бернабеу“ беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид.
Трансферот од Палмеираш беше договорен уште пред две години, но се чекаше Ендрик да стане полнолетен, а бразилскиот клуб за возврат добива сума од 60 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ендрик на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше пречекан од 43.000 навивачи, па не можеше да ги задржи емоциите и солзите.
„Немам зборови да опишам што чувствувам. Не можам да го опишам тоа. Отсекогаш сум сакал да бидам тука и да играм за Реал Мадрид. Тоа ми е сонот од дете. Го остварив нашиот сон, не само мојот туку и на моето семејство. Тоа е и за нив, поради сето тоа што го направиле за мене. Извинете што плачам, тешко ми е да ги задржам емоциите“, изјави 18-годишниот Бразилец.
Que lindo isso aqui!
— INFOS Palestra (@Infos_palestra) July 27, 2024
Voa, ENDRICK! 💚
pic.twitter.com/810oR7axGa